Во посета на ФТУ – Охрид беа претставници на Бар Илан универзитетот од Тел Авив

На 07.03.2019 година во посета на Факултетот за туризам и угостителство – Охрид беа претставници на Бар Илан универзитетот од Тел Авив – Израел. На состанокот присуствуваше и Ректорот на Универзитетот „Св. Климент Охридски“ – Битола при што се договори потпишување на билатерален договор за соработка помеѓу двата универзитети. Се разгледаа факултетите и студиските програми за кои може да се соработува. До крајот на академската 2018/2019 година претставници од УКЛО ќе го посетат Универзитетот Бан Илан.