СООПШТЕНИЕ ЗА ПОПОЛНУВАЊЕ АНКЕТИ

Отворена е новата анкетна сесија врзана со запишувањето на летниот семестар во I know системот. Сите студенти кои ќе запишуваат парен семестар во академскта 2018/2019 година треба да пополнат електронска анкета за предметите од непарниот семестар.

Студентите од втора, трета и четврта година во периодот од 11-15.02.2019 година треба да се најават со својата лозинка во I know системот, до името на студентот има поле АНКЕТИ треба да ги пополнат анкетите,  во полето запишани семестри треба да изберат ЛЕТЕН 2018/2019 година и да го запишат и да ги изберат задолжителните и изборните предмети од летниот семестар. 

Пополнувањето на анкети е ЗАДОЛЖИТЕЛНО.

Студентите кои имаат проблем со системот или не ја знаат лозинката за да се најават во I know да се обратат кај ИТ администраторот Бојан Секуловски.

Секој студент кога ќе достави документи за запишување на летниот семестар во Службата за студентски прашања треба да ги има пополнато анкетите и запишно семестар и предмети.

Запишувањето на летниот семестар ќе започне од 18.02.2019 година за што ќе има дополнително соопштение.

 

ЗА СТУДЕНТИТЕ ОД ПРВА ГОДИНА

Студентите од прва година кои го имаат запишано вториот семестар треба да пополнат анкети во I know системот. Студентите треба да се најават во системот и до името на студентот има поле АНКЕТИ  кое треба да ги пополнат. Студентите кога ќе ги пополнат анкетите треба да имаат доказ (слика, копија или print screen) дека ги имаат пополнато анкетите и да се јават во службата за студентски прашања да се потпишат на извештајот за запишан летен семестар во периодот од 11-15.02.2019 година.

Пополнувањето на анкети е ЗАДОЛЖИТЕЛНО.

Студентите кои имаат проблем со системот или не ја знаат лозинката за да се најават во I know да се обратат кај ИТ администраторот Бојан Секуловски.