Известување од Раководител на студиска програма ТУРИЗАМ

На 14 март 2018 во просториите на ФТУ- претставници од од Т.А. Фибулатравел им ги презентираа можностите на студентите од студиската програма Туризам за сезонска работа во периодот мај-октомври 2018. Т.А. Фибулатравел има потреба за ангажирање 40 студенти за сезонско работење како туристички агенциски претставници во хотели во Охрид и Струга, на аеродромот Св. Апостол Павле и како туристички придружници. Ваквата можност студентите можат да ја искористат и за  регулирање на задолжителната туристичка пракса според наставната програма.

Заинтересираните студенти можат да достават свое CV секој работен ден во Т.А. Фибулатравел во Охрид до крајот на април 2018.

Проф.др.Иванка Нестороска,

Раководител на студиска програма ТУРИЗАМ