Докторски

Во градот на Словенскиот универзитет, нашиот Факултет постои повеќе од четири децении. Факултетот за туризам и угостителство Ви нуди извонредни услови за стекнување на адекватни знаења од областа на услужните дејности кои се во силен подем во светската економија. Мирната и пријатна крајезерска средина во која се лоцирани Факултетот и Студентскиот дом се прилика кој ретко кој друг факултет може да Ви ја овозможи.

ЗОШТО ДА НЕ ИЗБЕРЕТЕ НАС:

  • целосна имплементација на Болоњската декларација
  • диплома со академски степен (Bachelor)
  • студирање по Европски кредит трансфер систем (ЕКТС)
  • меѓународна мобилност во наставниот процес
  • стипендии за најдобрите студенти
  • можност за студирање на рати

Доколку сме Вашиот избор, подготвени сме заедно да ја креираме Вашата професионална иднина.

Целосниот конкурс за упис на студенти на УКЛО можете да го погледнете ТУКА.

Уписни рокови

Сите кандидати задолжително треба да пополнат електронска пријава пред започнувањето на уписните рокови. Електронското пријавување се врши на: http://upisi.uklo.edu.mk/.

Активност Прв уписен рок Втор уписен рок Трет уписен рок
Пријавување на кандидатите од 11.09.2017 до 20.09.2017 од 03.10.2017 до 10.10.2017 од 25.10.2017 до 27.10.2017
Запишување на кандидатите 28.09.2017 и 29.09.2017 19.10.2017 и 20.10.2017 06.11.2017

Студиски насоки и квоти

Студиските насоки за втор циклус на студии можете детално да ги погледнете ТУКА.

Насока Број на студенти Износ на школарина (во евра) Износ на школарина (во евра) за странски студенти
Туризам 17 4600 6500

Документи за пријавување и запишување

При пријавувањето кандидатите поднесуваат:

  1. Образец за пријавување со назначување на студиската програма за којашто се конкурира подготвен од страна на единицата/те кадешто се организира програмата
  2. Писмо за мотивација со назначување на областа на истражување
  3. Кратка биографија
  4. Диплома/уверение за завршен втор циклус студии, односно постдипломски студии
  5. Уверение за државјанство
  6. Извод од матичната книга на родените
  7. Медицинска документација: ХИВ тест и тест за Хепатит Ц (за странски студенти)
  8. Други документи по барање на единицата.

При запишувањето, примените кандидати поднесуваат и:

  1. Индекс и пријавни листови
  2. 2 фотографии (3,5 х 4,5 на бела позадина)
  3. Потврда за уплатена школарина за првиот семестар