СООПШТЕНИЕ - Царина и шпедиција

Се известуваат студентите од насока ЦАРИНА И ШПЕДИЦИЈА кои се распоредени за обавување на задолжителната пракса во шпедитерски компании дека дека подготвителната обука за обавување на праксата ќе се одржи на Факултетот за туризам и гостителство – Охрид на 09.05.2017 година (вторник) со почеток во 12 часот.

Обуката ќе ја одржи претставник од шпедитерска компанија. Присуството за студентите е задолжително, а во истиот термин ќе се изврши и распоредување на студентите по шпедитерски компании во кои ќе ја изведуваат практичната работа.