На 6.12.2018 во просториите на Факултетот за туризам и угостителство – Охрид, се одржа форум на тема: Стратешки развој на туризмот и ефектите на државната политика за негова поддршка

Форумот се организира од страна на Стопанската комора на Македонија во рамките на Проектот на УСАИД: „Партнерство за подобра бизнис регулатива“, четиригодишен проект финансиран од УСАИД Македонија, имплементиран од „ЕПИ Центар Интернационал“ во соработка со Стопанската комора за информатички и комуникациски технологии – МАСИТ, Стопанската комора на Северозападна Македонија и Сојузот на стопански комори на Македонија.

Награди добиени на меѓународниот гастрономски натпревар ГАСТРОМАК 2018

Во периодот 9-11 октомври 2018 година, на меѓународниот гастрономски натпревар ГАСТРОМАК 2018 учествуваа студенти од Факултетот за туризам и угостителство како натпреварувачи и како учесници на мастер класови од познати готвачи. Нашите студенти освоија две медалји и пехар. На ГАСТРОМАК 2018 учествуваа:

 

Проф. д-р Васо Цуцулески и студентите:

 

Ивица Андрески

Даниел Здравески

Катерина Наковска

Рубин Цветаноски

Александар Фармакоски

Подобрување на училниците во иднина-вештини за учење 2030 - УЧЕЊЕ 2030

Во рамките на ЕРАЗМУС + Програмата од клучната акција 2 – Соработка за иновации и размена на добри практики - Акција:  Стратешко партнерство за високо образование, УКЛО е дел од Конзорциумот на проектот "Подобрување на училниците во иднина-вештини за учење 2030"-УЧЕЊЕ 2030. 

 

 

 

Основната цел на овој проект е Подготвување на наставниот кадар во високото образование  согласно предвидените промени што треба да се случат во образованието до 2030 во ЕУ имајќи ги во предвид зголемените потреби за индивидуално учење на студентите.

Посета - Универзитет Ополев Полска

На 08.05.2018 во посета на ФТУ беше делегација од Ун. во Ополе Полска. Беше остварена размена на искуства. Г-ѓа Халина Паалмер-Пистарк како Еразмус коордунатор размена искуства и можности со Проф. Д-р Ирина Петровска, Еразмус коордунатор за ФТУ  

Продеканот на ФТУ учествуваше на настанот Модел на Светска Царинска Организација во Руската Царинска Академија

Продеканот на Факултетот за туризам и угостителство - Охрид со двајца претставници од студентите учествува на настанот Модел на Светска Царинска Организација во Руската Царинска Академија. Продеканот одржа и предавање на тема Светска Царинска Организација пред студентите на академијата. 

XIV International Scientific Conference on Service sector INSCOSES 2018, Ohrid 14-15 September 2018

Faculty of Tourism and Hospitality Ohrid is organizer of the XIV International Scientific Conference on Service sector. It will be held in Ohrid on 14-15 of September, 2018. The aim of the Conference is to stimulate open discussions between experts, practitioners, researchers, scholars and academia on various aspects of services sector development. Participants can submit review and research papers related to the conference main topic of the conference related to tourism and hospitality; insurance; customs and freight forwarding.

Огласна табла

СООПШТЕНИЕ

13/12/2018 - 14:45

СОГЛАСНО ЗАКОНОТ ЗА ВИСОКО ОБРАЗОВАНИЕ ЧЛЕН 158, СТАВ 5,  Документите за претходното образование по завршената уписна постапка му се враќаат на студентот.

СТУДЕНТИТЕ ЗАПИШАНИ НА ФТУ- ОХРИД ВО ПРВА ГОДИНА ВО АКАДЕМСКАТА 2018/2019 ГОДИНА ДА СЕ ОБРАТАТ ВО СЛУЖБАТА ЗА СТУДЕНТСКИ ПРАШАЊА ОД 14.01.2019 ГОДИНА ДО 18.01.2019 ГОДИНА ОД 12 ДО 14 ЧАСОТ СО ЦЕЛ ДА ГИ ПОДИГНАТ ДОКУМЕНТИТЕ ОД СРЕДНО ОБРАЗОВАНИЕ.

На 6.12.2018 во просториите на Факултетот за туризам и угостителство – Охрид, се одржа форум на тема: Стратешки развој на туризмот и ефектите на државната политика за негова поддршка

07/12/2018 - 10:56

Форумот се организира од страна на Стопанската комора на Македонија во рамките на Проектот на УСАИД: „Партнерство за подобра бизнис регулатива“, четиригодишен проект финансиран од УСАИД Македонија, имплементиран од „ЕПИ Центар Интернационал“ во соработка со Стопанската комора за информатички и комуникациски технологии – МАСИТ, Стопанската комора на Северозападна Македонија и Сојузот на стопански комори на Македонија.

Соопштение за предавања по предметот Енологија

07/12/2018 - 08:55

Се известуваат студентите кои го имаат избрано предметот “ЕНОЛОГИЈА” кај проф. Д-р Ангела Василеска дека на ден 12.12.2018 година (среда) во 1330 часот ќе се одржат предавања.

Се молат сите студенти ЗАДОЛЖИТЕЛНО да присуствуваат.

 

ПРЕДМЕТЕН НАСТАВНИК

ПРОФ. Д-Р АНГЕЛА ВАСИЛЕСКА

КРВОДАРИТЕЛСКА АКЦИЈА

05/12/2018 - 15:59

Почитувани професори и студенти,

 

Факултетот за туризам и угостителство - Охрид во координација со Црвен крст - Охрид во Среда (12.12.2018), 10:00 - 14:00 часот, организираат крводарителска акција. 

Акцијата ќе се одржи во просториите на ФТУ - Охрид, во Предавална бр.(1).

ДА ИЗДВОИМЕ 5 МИН ЗА ДАРУВАЊЕ КРВ И ДА СПАСИМЕ НЕЧИЈ ЧОВЕЧКИ ЖИВОТ!

  •  
  • 1 of 92

Партнери