Успешен настап на студентот, Томе Барбутов на Светскиот форум за туризам во Луцерн, Швајцарија

На петтиот Светски форум за туризам (WTFL 2017) под покровителство на Светската туристичка организација што се одржа од 2-5 мај 2017 година во Луцерн, Швајцарија, Томе Барбутов кој е студент на 3 година Туризам при Факултетот за туризам и угостителство, Охрид, успешно го одбрани својот истражувачки труд Promotion of safety and security for sustainable tourism development in Republic of Macedonia, со што влезе во деветте финалисти на Млади таленти на Форумот, со најдобри научноистражувачки трудови за 2017 година.

Крводарителска акција во ФТУ, 09.05.2017

Давајќи малку, помагате многу.

Вашата помош оди во вистински раце.

Многумина благодарни.

Erasmus+ Uni Valona

Во рамките на Erasmus + програмата за високо образование, во периодот од 20.02.2017 год до  24.02.2017 год. На ФТУ престојуваа и одржаа предавања проф. Д-р Армела Панајоти  и Проф. Д-р Дорјана Клоси  од Универзитетот  во Валона, Република Албанија. Предавањата  ги опфатија  следните теми:

-Tourist discourse

-TV Commercials and their impact on tourism

-Cultural Values and their impact on tourism

-Hospitality as a national asset

- Food as an essential factor for the development of tourism

-Beverage

-Infrastructure in the service of tourism

Известување –Erasmus + student mobility

Почитуван студенти,

 

Повикот за програмата за моблиност Erasmus+ е во тек.

Сите заинетресирани  редовни студенти на ФТУ – Охрид  кои сакаат да остварат настава со кореспондентни  признати ЕКТС  студиски предмети и да  разменат меѓукултурно искуство  на Универзитетите во Европа да се јават кај Еразмус + Координаторот на ФТУ – Охрид, Проф. Д-р Ирина Петровска.

Пријавување (лично) со одбирање на соодветен Универзитет  и соодветна студиска програма

среда 8.02.2017

 

Промоција на дипломирани студенти од академската 2015/2016 година

На 20.12.2016 година на Факултетот за туризам и  угостителство - Охрид се одржа промоција на дипломирани студенти од академската 2015/2016 година. На промоцијата беа промовирани 95 студенти со завршен прв циклус студии и 6 студенти со завршен втор циклус студии. За студенти на генерацијата беше прогласен Климентина Џавероска од студиската програма туризам со просечен успех од 9.91.

Средба со претставници од туристичкото и угостителското стопанство за обавување на студентска пракса

На ден 30.11.2016 година на Факултетот за туризам и угостителство - Охрид беше остварена средба со менаџери хотели и туристички агенции од Охридско - Струшкиот регион. Од страна на деканатската управа им беше презентиран концептот за обавување на студентска пракса при што беа разменети мислења и ставови кои ќе придонесат кон издигнување на сегментот на практична наобразба на повисоко ниво. Од двете страни во целост беа прифатени мислењата, препораките и сугестиите кои беа ставени на дискусија.

Огласна табла

Доделување на дипломи - Известување

22/05/2017 - 10:44

Свеченото доделување на дипоми ќе се одржи на 23.05.2017 година (вторник) во 12 часот во амфитеатар.

Соопштение за изведување на практична работа во претпријатија од туризмот и угостителството

19/05/2017 - 12:36

Соопштение до студентите од студиските програми:

Туризам и Хотелско-ресторанска I, II и III година

 

Почитувани колеги студенти,

Секоја година во вашиот студиски курикулум е предвидена задолжителната практична работа.  

Секој студент без исклучок треба да помине 30 дена пракса и притоа да биде ангажиран на соодветно работно место во туристичките и угостителските претпријатија.

СООПШТЕНИЕ ЗА ЗАКАЖУВАЊЕ ВТОР КОЛОКВИУМ - ХРАНА И КУЛТУРА - ЛЕТЕН СЕМЕСТАР 2017 - ОХРИД

19/05/2017 - 12:35

ИМ СЕ СООПШТУВА НА СТУДЕНТИТЕ КОИ ГО СЛУШААТ ПРЕДМЕТОТ ХРАНА И КУЛТУРАДЕКА ВТОРИОТ КОЛОКВИУМ ПО ПРЕДМЕТОТ СЕ ЗАКАЖУВА ЗА ДЕН 23.05. - ВТОРНИК ВО 13:00 ЧАСОТ.

 

Предметен наставник:

Проф. Д-р Сашо Коруновски

Линк - материјали за колоквиум - Проф.д-р Мирјана Секуловска

17/05/2017 - 13:28

Материјалите за колоквиум за сите студенти кои полагаат на 22.05.2017 година кај Проф.д-р Мирјана Секуловска се наоѓаат на следниот линк:

 

http://archive.ftu.uklo.edu.mk/Mirjana.html

Колоквиум кај Проф. Јове Кекеновски

17/05/2017 - 13:28

Колоквиумите кај Проф.д-р. Јове Кекеновски ќе се одржат на 25ти мај со почеток во 10 часот.

 

Со почит,

Предметен наставник

Проф.д-р Јове Кекеновски

СООПШТЕНИЕ ЗА СИТЕ СТУДЕНТИ НА НАСОКИТЕ ТУРИЗАМ; ХРМ; ГИД

17/05/2017 - 13:27

Соопштение за задолжителна практична работа

 

Почитувани студенти,

Ве известуваме дека практичната работа е задолжителна активност од вашето студирање и е услов за заверка на семестар.

Доколку не се јавите во согласност со вашиот распоред нема да можете да извршите евиденција на семестарот.

 

Со почит,

 

Проф. д-р. Иванка Нестороска, раководител на студиската програма туризам

ИЗВЕСТУВАЊЕ - Предавања - МИС

16/05/2017 - 15:45

СЕ ИЗВЕСТУВААТ студентите кои во летниот семестар 2016/2017 слушаат МИС кај Проф.д-р Мирјана Секуловска дека предвањата ќе се одржат во Среда (17.05.2017 година) во 12:00 часот.

 

Предметен професор:

Проф.д-р Мирјана Секуловска

  •  
  • 1 of 41

Партнери